Избор на уредникот

Човекот – херој на Скопски маратон: Ако на овие деца им дадеме шанси како на сите други, такви и ќе бидат прифатени!

Радован Велјановски, пливачки тренер на Специјалната олимпијада, е херојот на Скопски Маратон 2018, откако со својот хуман гест ги насолзи очите на нацијата и на многумина им ја врати вербата во добрината, солидарноста, победата на човечноста над различностите и предрасудите.

Велјановски стана еден вид на одбележје на годинашниот маратон, откако во раце го крена момчето со Даунов синдром, учесник на маратонот, кое на само педесеттина метри пред целта на трката од 5 километри не можеше да продолжи. Тој, заедно со него во раце, со широка насмевка на лицето продолжи и ја заврши трката, а фотографиите од настанот набргу станаа едни од најсподелуваните и најкоментираните на социјалните мрежи и во медиумите.

Ние посакавме господ да ни дава повеќе вакви луѓе, а читателите се сложија со нас.

Радован Велјановски, пливачки тренер на Специјалната олимпијада, е херојот на Скопски Маратон 2018, откако со својот хуман гест ги насолзи очите на нацијата и на многумина им ја врати вербата во добрината, солидарноста, победата на човечноста над различностите и предрасудите.

Инаку, Велјановски е роден 1989 година. Овој триатлонец е познат како еден од најпосветените тренери на Специјалната олимпијада. Омилен помеѓу нашите спортисти на Специјалната олимпијада, тие со него како тренер имаат освоено бројни награди и медали.

Момчето, пак, кое ја заврши трката во силните раце на Трпковски (20), беше еден од учесниците на ЛОИ на Специјалната олимпијада Лос Анџелес 2015 и се врати со сребрен медал на 50 м во пливање – слободен стил. Тогаш, нашите репрезентативци на најголемиот настан во светот за лица со попреченост освоија дванаесет медали.

По освоените успеси, пред три години, Велјановски за медиумите изјави дека Дауновиот синдром или која било попреченост не треба да значи дека детето треба да биде изолирано, туку напротив, тоа треба да се прифати како и сите други.

-Ако овие деца се третираат нормално, ако им се дадат шанси како и на сите други, тие такви и ќе бидат прифатени – порача херојот по враќањето од ЛОИ на Специјалната олимпијада Лос Анџелес 2015.

Поврзани вести

Back to top button