Свет

Заробен џихадист: Командантот ни кажа дека продаваме нафта на Турција (ВИДЕО)

Со трансакциите со нафта се занимаваат неколку претприемачи и трговци, вели Махмут Гази Татар.

Заробениот џихадист од ИД открил детали кои ја потврдуваат тезата дека Турција е вовлечена во незаконска трговија со нафта со терористичката група, соопшти RT и објави видео снимка со интервју со заробеникот, дадено пред дописникот на турското биро на агенција Sputnik.

24-годишниот Махмут Гази Татар влегола во редовите на ИД во клетката во турскиот град Адјаман. Заедно со други тој бил врбуван и префрлен преку границата во Сирија, каде што поминал курс по воена обука во камп на терористите. Во јуни 2015 година тој е заробен од курдските борци и во моментот се наоѓа во затвор. Тартар раскажува детали за трговијата со нафта меѓу ИД и Турција.

“Во мај 2015 година командантот во кампот за обука ни рече дека групата продава нафта на Турција. Приходите од трансакциите ги покрива трошоците на “Исламска држава”. Камиони со нафта и бензин ја минуваат турската граница секој ден. Според командантот со продажба на нафта се занимаваат неколку претприемачи и трговци, но тој не ни кажа имиња. Исто така борците на “Исламска држава” добиваат испораки, во форма на различни товари, од Турција и различни арапски земји “, раскажува Гази Татар.

Поврзани вести

Back to top button