ВИДЕО: За оваа секта експертите велат дека е најопасна: Водачот бил во затвор за силување, се претставува како Месија, сите девојки му се како невести
Една од најопасните секти во 2018 година е Провиденс, чиј основач и водич неодамна излезе од затвор во кој беше 10 години поради силување, тврдат светските експерти за секти.
Основана е во 1982 година во Јужна Кореја, а нејзините членови веруваат дека нејзиниот водач е Месија, односно другата појава Христос, без оглед на тоа што Џанг е осуден за силување.
Врховниот суд на Јужна Кореја го осуди на 10 години затвор поради силување и злоставување. Поради обвинувања во 1999 година побегна од земјата, но во 2007 година беше уапсен во кина и испорачан на Јужна Кореја.
Рик Рос, експерт за секти од САД истакнува дека еден мозок е далеку покршлив отколку што мислиме, како и дека секој може да заведен од страна на деструктивна секта доколку се поклопат околностите и моментот, тој објаснува дека заеднички фактор за сите секти, без разлика дали се постари или нови, дека се изградени околу харизматичен поединец. Тоа е случај и со сектата Провиденс, која сега е позната како Христијанска евангелистичка мисија, а порано и како „Исус Морниг Стар“.
Младата Австралијанка Лиз е една од девојките која едвај излегла од канџите на оваа секта. Станала жртва на наизглед наивен начин. Додека се шетала во трговски центар во нејзиниот роден град Камбера, кај неа дошла жена со корејско потекло која со голема насмевка ја прашала дали е модел. Три години покасно Лиз морала да бара начини како да излезе од сектата.
-Не мислев да се придружувам на било што, вели таа. „Кажаа дека прават уметничка христијанска претстава. Ми пратија на мејл некои фотографии и изгледаше преубаво. Изгледаше сјајно, па реков дека ќе се најдам со нив за евентуално учество“, објаснува таа.
Осум месеци после првото пополнување на формуларот, Лиз се преселила во заедничката куќа во сопственотс на ЈМС. Една година подоцна, ја посетила Јунг-Миунг- Сеок и „наградена“ била со бисерен ѓердан за кој и е кажано дека симболизира вагина.
-Главното верување во групата е дека Џанг е месија и претставува Бог, а ние имавме улога на негови невести. Ни рекоа дека бил во затвор затоа што го прогонуваат и лажно го обвинуваат, исто како Исус, објаснува Лиз.
Добила дупла рамка со фотографии од Исус и Џанг и тоа бил предмет пред кој се молела.
-Добив бисерен ѓердан, како и сите нови девојки кои одлучиле да му се посветат на Џанг и никогаш да не се омажат. Како што ни е објаснето, неговите иницијали биле закачени за бисерот во средината, кој симболизирал вагина, вели таа.
-Џанг е опседнат со жените и сексот. Претпоставувам дека сака сите негови жени да носат работи кои симболизираат на него, објаснува таа.
На девојките им било кажано дека треба на Џанг да му пишуваат писма, а нагласено е дека треба да му се обраќаат како на маж или љубовник.
-Ми бараше да му праќам разголени фотографии, во бикини или со многу шминка на лицето. Ми пишуваше дека мојата бела кожа многу го возбудува. Некои писма беа навистина интимни, кажа дека жените се најубави кога се голи… потоа ме повика да го посетам во затворот во Кореја. Го видов 15 минути и ме знаеше по име, изјави таа.
Меѓутоа, тоа не е се. Лиз раскажува дека имала задача да регрутира нови млади и убави девојки. Оваа секта водела школа за модели во Канбера, а местото за „лов“ бил и избор за мис на локалниот универзитет.
Она што е најстрашно е што девојките на перфиден начин се инструирани да го прекинат контактот со своите семејство.
-Кажано ми е дека Сатаната ги користи родителите да ги одвои девојките од групата, така што се трудиме колку можеме да не комуницираме со нив, раскажува Лиз и објаснува дека не постои начин да се излезе од групата. Толку им биле испрани мозоците, што дури верувале дека може да им се случат најстрашни работи ако заминат од групата.
Среќа во несреќа за неа било кога завршила во болница поради пореметување во исхраната. Кажано и било дека мора да се лекува под надзор, па така морала да отиде во куќата на својата мајка. Нејзината мајка го ангажирала експертот Рик Рос, во намера да и помогне. За среќа, тој успеал.
-Единствен начин на кој можам да опишам што ми се случуваше е силување, кажала таа за ова двегодишно искуство. „Иако не е физичко, беше ментално, емотивно и тоа беше духовно силување. Само се чувствував нарушено, се присетува низ солзи Лиз.
Рик верува дека ЈМС е најопасната секта во Австралија и ја означува како една од најопасните на денешницата.
-Џан само што излезе од затвор и колку што знам воопшто не се променил. А, од за мене непознати причини, неговата група успева масовно да регрутира нови девојки низ Австралија, вели тој.