Херои: Маја Морачанин, Мендух Тачи, Ивана Туфегиќ, Лилјана Поповска и Тања Ковачев не гласале за Законот за употреба на јазиците – Eве кој се гласал
Зијадин Села и Ферид Мухиќ гласале за законот за јазиците иако тоа не го покажуваат листинзите од Собранието. Тие за „Макфакс“ изјавија дека на вчерашната седница го стиснале зеленото копче и дале глас за усвојување на законот. Нивните гласови не се избројани во 64-те гласа со кои се изгласа законот. Според стенограмот од гласањето, објавен на официјалната веб-страница на Собранието, Села со реден број 97 не гласал за законот, а исто и Мухиќ, кој е под реден број 82.
Истовремено и Претседателот и пратеник на БЕСА, Африм Гаши, вели дека гласал вчера за Законот за употреба на јазиците и покрај тоа што на листингот од Собранието се уште до неговото име стои дека не гласал. Како една од причините за тоа вели дека може да е електрониката во собраниската сала, која не го регистрирала неговиот глас. Но се сомнева, како што вели, дека тоа било намерно така направено.