Uncategorized

ВИДЕО: Ишамаран најмоќниот човек во Холивуд, обвинет за сексуално вознемирување

Американскиот продуцент и човек кој важеше за најмоќен во Холивуд, Хари Вајнштајн, доби шлаканици пред ресторан во еден град во Аризона.

Некогашниот најмоќен човек на Холивуд прво доби шлаканиците во ресторанот, а потоа и на излегување од истиот човек.

Инцидентот се случил во вторникот, на 9 јануари, во ресторанот „Елементс“ во Скотсдејл, кога момчето по име Стив му се доближил глумејќи дека сака да се фотографира со него. Стив изјавил дека Вајнштајн непријатно го одбил, додека менаџерот на ресторанот, сведочел дека Вајнштајн бил сладок и дека љубезно го одбил.

Стив и Вајнштајн седнале на своите места, но на ексклузивната снимка се гледа што се случило околу 21 часот, кога тргнале да си одат. Иако менаџерот изјавил дека раката на Стив не го допрела лицето на Харви, јасно се гледа дека Стив двапати го удира по лицето велејќи му дека е обично го**о и да се изгуби од ресторанот.

Како што се наведува, Стив пред ресторанот дополнително го удрил Вајнштајн, кој одбил да повика полиција.

За потсетување, Харви Вајнштајн по неколкуте жестоки обвинувања за сексуално вознемирување на 4 ноември 2017 година, засекогаш е исклучен од Академијата на филмски уметности, која ја доделува највлијателната филмска награда Оскар, откако за тоа гласаа 54 членови и повеќе од две третини од членовите.

Поврзани вести

Back to top button