ЖивотЗдравје

Ученици ја открија мрачната вистина за Wi-Fi мрежат

Ученици од 9-то одделение ја открија мрачната вистина за Wi-Fi мрежата

„На сите ни било тешко да се сконцентрираме на училиште ако сме спиеле со телефонот до нас, а понекогаш ни било тешко и да заспиеме“, објаснила Леа Нилсен, една од ученичките.

Ова заедничко искуство ги заинтересирало девојчињата и тие направиле експеримент за да го истражат влијанието на зрачењето од Wi-Fi мрежата врз живите клетки. За таа цел, тие одбрале семиња од добрејка. Земале вкупно 400 семиња и ги поделиле во 12 различни садови. Во 2 соби ставиле по 6 садови. Во обете соби температурата била иста, 2-те групи садови добивале иста количина на вода и сончева светлина во текот на целиот експеримент.

Единствената разлика помеѓу 2-те соби била тоа што садовите во едната соба биле ставени до 2 Wi-Fi рутери. Рутерите емитуваат ист тип зрачење како и мобилните телефони, па затоа ученичките го искористиле тоа за да го прикажат влијанието на спиењето со телефонот веднаш до главата.

Па, какви биле резултатите? По 12 денови, разликата помеѓу 2-те групи садови била шокантна. Додека семињата од добрејка во првата соба растеле како што треба, изгледале здраво и се развивале правилно во нивната околина, не можело истото да се каже и за втората соба. Семињата што биле ставени до рутерот воопшто не пораснале. Некои семињата дури и покажувале знаци на мутација или пак, сосема изумреле. И самите можете да ја согледате очигледната разлика:

„Навистина е страшно тоа што влијанието е толку големо и сите бевме шокирани од резултатите. Никој од нас не спие повеќе со телефонот во кревет. Или го ставаме телефонот подалеку или го ставаме во сосема друга просторија. И компјутерот ни е секогаш исклучен“, открила ученичката Нилсен.

Експериментот не само што бил одличен прифатен во училиштето туку почнал и да го привлекува вниманието на биолозите и научниците кои го потврдиле значењето на ова откритие.

Еден од експертите толку многу се заинтересирал за експериментот што почнал да планира како да го надополни со негови експерименти. Станува збор за Оле Јохансон, професор од Каролинскиот Институт во Стокхолм. Тој ќе ги оцени откритијата на девојчињата на тој начин што ќе го повтори експериментот со неговата колешка, професорката Мери-Клер Камер од Универзитетот во Брисел. Јохансон бил многу импресиониран од истражувањето на девојчињата.

„Овие девојчиња успеале да го применат нивното стекнато знаење и да направат многу едноставен и ефективен експеримент. Нивната прецизност е извонредна, а семето од добрејка е многу интелигентен избор“, ги пофалил Јохансон.

Па, што ги очекува девојчињата во иднина? Јохансон со задоволство би работел со овие интелигентни и талентирани ученички за кои се надева дека ќе продолжат да го развиваат нивниот професионален живот во областа на истражувањето, бидејќи смета дека поседуваат природно чувство за тоа.

Овој експеримент дефинитивно би требало да ве натера да се запрашате каде ви стои телефонот додека спиете. Дали и вие спиете со мобилниот телефон во кревет? Доколку и вие ја имате оваа навика, време е да ја промените и да се погрижите за вашето здравје!

Семињата од неизложената соба

Семињата од изложената соба

Марија Лукаревска за kafepauza.mk

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button