Ја напуштила канцелариската работа, ја реновирала старата куќа на дедо ѝ во село, а сега има Етно бизнис
После неколку години градски живот и работа во канцеларија оваа девојка одлучила да се врати во своето село на Златибор и да почне бизнис. Ја реновирала родната куќа на нејзиниот дедо изградена во почетокот на 20 век и малку по малку ја направила туристичко етно село.
Од економист преминала во столарство и градежништво, а недостатокот на пари го надоместила со фантазија и од старо правела ново.
Александра Дачовиќ го исполнила аманетот на дедо и да ги нахрани, смести на престој и испрати на понатамошен пат патниците.
„Како и на секое дете од село и мојот план беше да одам во големиот град. Но, како што поминуваа годините и школувањето, а потоа дојде и првата работа во градот, се повеќе чезнеев за мирот кој го нуди семејниот дом а со него и селото. После неколку години работа во канцеларија се одлучив да се вратам на село. Меѓутоа, животот на село не е ниту малку лесен. Многу е физички тежок, а приходите се многу помали“, раскажува Александра.
Александра е бајкер па од искуството кое го добила при патувања ширум Европа добила идеја да направи нешто убаво и корисно од своето домаќинство и објекти кои со децении се на нивниот имот.
Таа вели дека недостатокот на пари го дополнувале со фантазија и од стари работи правеле нов мебел. Старите буренца ги преправиле во маси и столови, во комоди и плакари. Така објектите попримиле рустичен изглед.
„И покрај тешкотиите кои се јавуваат на старт, како и во секоја работа, би ги советувала младите да се вратат на својот роден праг и да почнат со мало вложување“, порачува Александра.