Здравје

Проверете дали страдате од депресија

Депресијата е сериозен проблем и често може да биде измешана со замор и нерасположение. Но, константната тага, недостатокот на иницијатива, губењето на физичката и менталната сила се знаци за депресија.

Сепак, дијагнозата мора да ја постави доктор.

За да знаете дали треба да се обратите кај него обрнете внимание на овие симптоми со цел да избегнете негативни последици:

Филозофирање
Скриената депресија може да донесе зголемена желба на личноста за разговарање на филозофски теми, користејќи поапстрактен начин на изразување на мислите.

Депресивните луѓе сакаат да зборуваат за значењето на животот и го прават тоа постојано.

Барање изговори
Луѓето што страдаат од депресија често бараат изговори да ги сокријат своите вистински желби и копнежи.

Тие понекогаш само сакаат да лежат дома сами наместо да одат некаде и да го рушат расположението на останатите со својата емоционална состојба. Затоа не е чудно ако од нив слушнете долга измислена приказна за оправдување зошто не се појавиле на вашиот роденден.

Недостиг од соодветна реакција
Во состојба на депресија луѓето ја перципираат околината поинаку. Личноста може да започне да се согласува со сите, да престане да ги изразува своите мисли и желби, да не реагира на повредите што ги нанел некому и дури и да не чувствува болка во ситуации каде болката е неизбежна, како што е губењето на некој близок.

Психосоматски болести
Во оваа состојба личноста може да се жали на непријатности со срцето, тензија во рацете и стапалата, потешкотии со дишењето, главоболка, забоболка итн. Испитувањата покажуваат дека сè е во ред со здравјето на личноста.

Појавата на овие непријатности е резултат на нестабилната и анксиозна состојба на умот. Болката дополнително ѝ носи стрес и анксиозност на жртвата и таа се наоѓа во затворен круг и страда од ненадејни психосоматски болести.

Поврзани вести

Back to top button