Македонија

Над 800.000 евра исплатени на службеници кои не оделе на работа – НДМ бара да им се земат платите и на лажно вработените од ДУИ

Внатрешната ревизија на Генералниот секретаријат на владата утврдила во 2016-та година, 166 државни службеници не доаѓале на работа, а им биле исплатени 830 илјади евра.

Информираат дека тоа е во спротивност со Законот за работни односи и Законот за административните службеници.

Владата, согласно со наодите од извршената ревизија, формира комисија и е отворена дисциплинска постапка против вработените лица, која, во согласност со Изборниот законик, својата работа ќе ја продолжи по завршувањето на локалните избори.

Упатува дека постои можна одговорност и кај работодавецот и кај работниците.

Народно движење за Македонија ја поздравува решеноста на Владата да ги бара парите назад за 166 административци кои биле ставени на платниот список, примале плата, но седеле дома, со што го оштетиле буџетот за 800 илјади евра.

Меѓутоа, НДМ го осудува селективниот пристап на Владата бидејќи бара одговорност само за 166 Македонци вработени по партиска линија од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а притоа не бара одговорност за 1.611 Албанци вработени по партиска линија од ДУИ во владиниот Секретаријат за спроведување на Рамковниот договор, кои исто така земаат плата, а седат дома, со што се оштетува буџетот.

„Значи, за иста фактичка и правна ситуација Владата на Зоран Заев се сили спрема Македонците, а покажува целосен молк кон Албанците. НДМ силно го охрабрува премиерот Заев да не се плаши од Ахмети и да побара одговорност и за вработените во Владата по партиската линија на ДУИ. Во спротивно Македонците се третираат како граѓани од втор ред во сопствената држава, односно законите важат за сите, освен за Албанците, кои стануваат миленичиња на која било власт во државата“, стои во реакцијата на оваа парија.

Поврзани вести

Back to top button