Живот

Црешите помагаат во лекувањето на многу болести

Црешата содржи целулоза, па поради тоа добро го регулира варењето на храната, а поради големата количина на вода и калиум го олеснува исфрлувањето на водата од организмот, ја стимулира работата на бубрезите, жолчката и црниот дроб.

Помага и во одржување на здравјето на срцето и за превенција на ракот! Исто така, може да ги олесни болките од артритис и претставува извор на антиоксиданси и мелатонин, кои можат да ги забават ефектите на стареење.
Бидејќи темните цреши содржат повеќе боја, тие се и поздрави.

Германскиот доктор Лудвиг Коч, кој самиот страдал од болки во коските, во педесеттите години од минатиот век започнал студија со пациенти кои страдале од реума и болка во коските. Оттогаш е докажано дека црешите го намалуваат нивото на уричната киселина и ги лекуваат воспаленијата.

Со помош на заштитните киселини и овошниот шеќер, црешите ја стимулираат работата на стомакот, цревата и панкреасот, а со тоа и варењето на храната е многу подобро.

Црешите исфрлаат вода и затоа ги активираат црниот дроб и бубрезите. Освен тоа, бактериолошките супстанци во црешите спречуваат создавање на забни наслаги и така можат да спречат појава на кариес и проблеми со непцата.

Дваесет цреши имаат 10 пати посилно дејство од аспирин!

Уште една добра вест е дека не го иритираат желудникот. Тие се богати со важни флавоноиди кои претставуваат најмоќни антиканцерогени материи.

Црешите ја намалуваат болката во зглобовите која често се јавува кај луѓето кои имаат проблем со артритис. Сепак, треба да знаете дека црешите не треба да ги јадете пред ручек затоа што можат да го забават излачувањето на сокови за варење, што особено го отежнува варењето на месото.

После црешите не треба да пиете вода, а особено не треба да пиете пиво или алкохолни пијалоци.

Ова вкусно овошје содржи целулоза, па поради тоа добро го регулира варењето на храната, а поради големата количина на вода и калиум го олеснува исфрлувањето на водата од организмот, ја стимулира работата на бубрезите, жолчката и црниот дроб. Помага и во одржување на здравјето на срцето и за превенција на ракот!

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button