Поради опасност од бегалци и терористи Србија го зајакнува военото присуство на границата со Македонија и Бугарија
Во врска со предупредувања на трети земји за можно преминување на терористички групи во Србија и по повод можноста да се зајакне бегалскиот бран од Турција, Србија го зголемува военото и полициско присуство по границите со Македонија и Бугарија, соопштија локалните медиуми.
По тој повод РТС (Радио-телевизија Србија) истакнува дека според портпаролот на Министерството за одбрана и на Армијата на Србија, Јован Кривокапиќ „вклучувањето на армијата и полицијата во обезбедувањето на државните граници спречило влегување на 20 илјади мигранти на територијата на земјата и доведе до апсење на 132 шверцери на луѓе“.
Белградски „Danas“ го нагласува оној дел од изјавата на Кривокапиќ, во која се прави преглед на променетата меѓународна ситуација по затегнување на односите меѓу Турција и ЕУ, откако се заклучува дека армијата и полицијата на земјата се подготвени да се соочат со секој предизвик.
Радио Б-92 истакнува дека во изминатите денови се зголемиле обидите на бегалци за нелегално преминување на границата со Македонија и Бугарија.