Македонија

Брат и сестра со психички хендикеп бараат помош од државата

Отфрлени од заедница брат и сестра со ментален хендикеп живеат во напуштен објект на Македонски железници среде Овче поле. Зоран и Соња Трајчеви околу 40 години живеат во овој руниран објект, а првите соседи во светиниколскот село Амзабегово им се одалечени околу три километри.

Животот го туркале во сиромаштија  со скромните примања на Зоран додека бил вработен во специјална работилница, но од пред неколку години единственото примање им е социјалната помош. Најголемата грижа на 50 годишниот Зоран во моментов е неговата 52 годишна сестра која пред еден месец доживеела мозочен удар. Легната во постела нејзиниот брат и ја дава потребната нега.

Стари алишта, кревет и едно ќумбе за дрва е целиот  имот на братот и сестрата , а пред да се влези во објектот на неколку метри се шири неподнослива реа од фекалии. Немаат ниту струја , ниту вода.

40 години немаат вода, па Зоран секој ден мора по 15 минути пеш да оди до најблиската чешма.

Зоран и Соња деновите ги поминуваат понекогаш и без храна, мештаните од најблиското село знаејќи во какви услови живеат понекогаш им подаваат корка леб. Зоран не може самиот да се грижи за неговата сестра , а на која под итно и е потребна нега во соодветна институција или дом. Бараат од хуманите луѓе да им донираат и храна за да можат да преживеат во нивниот дом, во  кој еднаш во ден го слушаат возот кој помимува на железничката пруга Штип-Велес.

ВИДЕО НА ТЕЛМА

Поврзани вести

Back to top button