Мистерии

ФОТО: „Ѕвер“ од вселената е во состојба да го уништи човештвото

Астероид со големина на три Биг Бена, кој неодамна ја промашил планетата Земја, и натаму претставува опасност за човештвото.

asteroid2

Астероидот чие име е “BN509” минал покрај Земјата со брзина од 70.000 километри на час. Како што тврдат астрономите, овој астероид – долг 400, а широк 200 метри – минал “загрижувачки блиску” до нашата планета.

И покрај тоа што ја промашил нашата планета, службениците на НАСА тврдат дека тој и натаму е потенцијално опасен. Според нив, астероидот еден ден би можел да удри во Земјата.

asteroid5

Научникот Ед Ривера-Валентин вели дека астероидот има облик на кикиритка и дека се состои од два дела.

НАСА редовно ги следи објектите кои минуваат во близина на земјата. Кога ќе се појави астероид, во рок од 10 минути уредите го проценуваат потенцијалното движење и ги алармираат научниците.

Поврзани вести

Back to top button