Живот

Кој е најдобриот лек против настинка?

Германските научници тврдат дека најдобриот лек за настинка е многу едноставен и е потполно бесплатен.

Кога сме настинати, веднаш посегнуваме по општопознатите начини на лечење како што се антибиотиците, аспиринот, овошјата, супите, чаевите…

Но, германските научници сметаат дека лекот против настинка е нешто многу едноставно – одмор.

Истото се случува кога имаме температура. Добриот одмор ќе го зајакне имунитетот повеќе од било што.

Тие објаснуваат дека таблетите ја намалуваат температурата, ја подобруваат состојбата, па луѓето полесно стануваат од кревет и не се одмараат колку што е потребно за организмот навистина да се рехабилитира.

Научниците советуваат дека треба да примате многу течности, да јадете овошје и зеленчук, за да го забрзате зајакнувањето на имунитетот, но нагласуваат дека недоволниот сон и одмор се причина зошто настинката се јавува повторно.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button