ФОТО: Од денес новиот воз ќе сообраќа на редовната линија Скопје-Битола
Подигнувањето на квалитетот на услугите во патничкиот железнички сообраќај полека но сигурно станува реалност.
Како што ветивме пред граѓаните од денес уште еден стар воз се заменува со нов и тоа трет по ред, пишува министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на својот Фјсбук профил.
Новиот воз ќе сообраќа на релација Скопје – Битола на местото на веќе истрошените стари превозни средства.
Во наредниот период граѓаните ќе можат да уживаат во благодетите на уште еден таков воз четврт по ред кој веќе пристигна во Репулика Македонија, а останатите два се очекуваат до крајот на месец мај со што 60% од возниот парк на Македонски Железници Транспорт АД ќе биде обновен.
Со оваа инвестиција од 25 милиони евра целосно се променува сликата на патничкиот железнички превоз, која сега може да се каже дека е на ниво на најразвиените евопски земји.