МистерииТоп

НАСА истражува „мистериозен објект“ кој се урнал на куќа во Флорида и пробил два ката

НАСА го истражува објектот кој паднал на куќа во Флорида за кој постои сомнеж дека доаѓа од Меѓународната вселенска агенција, што предизвика загриженост за безбедноста на луѓето на Земјата.

Мистериозниот објект кој паднал на куќа на Флорида во март предизвика загриженост, а НАСА сега ги истражува околностите на инцидентот поврзан за споменатиот објект.

Алехандро Отеро од Флорида го споделил алармантниот инцидент на социјалните мрежи, наведувајќи дека предметот го пробил кровот и минал низ два ката. Постои сомнеж дека тоа би можело да биде фрагмент од товарна палета, која веројатно содржи стари батерии, која е пуштена од Меѓународната вселенска станица уште во 2021-ва.

Според официјалните проекции, се очекувало остатоците безопасно да се распаднат по повторното влегување во Земјината атмосфера на 8-ми март. Снимките од надзорните камери од куќата на Отеро го забележале вознемирувачкиот момент на падот на објектот, а несреќата наводно се случила во 14:34 часот по локално време.

Астрофизичарот Џонатан МекДовел дал свое мислење за ова во одговор на објавата на Отеро на платформата „X“, забележувајќи усогласување на времето со процената на вселенските сили за влезот на објектот во Земјината атмосфера над Мексиканскиот залив.

Инцидентот привлекол внимание откако локалната новинска куќа „winknews.com“ извести за тоа на 15-ти март. НАСА го земала предметот во соработка со сопственикот на куќата и го анализира во вселенскиот центар Кенеди на Флорида.

Порталот „Ars Technica“ ја истакнува потенцијалната сложеност во барањето на одговорност за инцидентот, истакнувајќи дека батериите, иако и припаѓале на НАСА, биле прицврстени на структурата на палетата која ја лансирала Јапонската вселенска агенција.

Случаите на удари на вселенски отпад во Земјата не се без преседан, со минати инциденти вклучувајќи дел од капсулата „Space X Dragon“ кој слета на австралиска фарма за овци во 2022-ра година. И кинеското ракување со ракетите „Long March“ предизвикало критики од НАСА, со оглед на тоа дека постои загриженост во врска со нивните безбедносни мерки при повторното влегување во Земјината атмосфера.

Поврзани вести

Back to top button