Девојка ловец на неверни мажи (ФОТО)
Девојка од Англија на својот профил дури и ги кани девојките и жените кои се сомневаат во верноста на нивните партнери да ѝ пишат и да ѝ пратат профили од нивните партнери, за таа да им постави замка. Вели дека на брз начин прави „тест на лојалност“, а многу мажи „немаат мозок“ и паѓаат.
Лив Шелби од Англија е 19-годишна девојка која вели дека ужасно ја нервираат неверните мажи и затоа нејзина мисија е да ги лови и да ги разоткрива.
На својот ТикТок профил постојано ја тестира лојалноста на разни мажи и тие што паѓаат на тестот и почнуваат да ѝ се додворуваат, а веќе се во врска или брак. Потоа таа ги објавува јавно, но им го крие идентитетот.
Таа на својот профил дури ги кани девојките и жените кои се сомневаат во верноста на нивните партнери да ѝ пишат и да ѝ пратат профили од нивните партнери, за таа да им постави замка.
Вели дека на брз начин прави „тест на лојалност“ и дека секоја седмица ѝ пишуваат стотици загрижени жени.
„На социјалните мрежи имав видено девојка од САД како го прави ова, ми изгледаше забавно и одлучив и јас да го правам истото.
Им пишувам на мажите, па им барам телефон или ги терам да комуницираме и на други социјални мрежи, па потоа им кажувам на нивните партнерки како реагирале и како се одвива понатамошната комуникација.
Голем дел од мажите не го користат мозокот и паѓаат во замката и ужасно се чувствувам кога треба да им кажам на нивните партнерки.
Но, и јас да сум на нивно место искрено би сакала да знам дали мојот партнер им се додворува на други жени и е подготвен да направи неверство.
Откако завршувам со тестирањето, ги блокирам овие мажи.“