Легендарни преработки на „Брзај, брзај прваче“: Ич не брзај! Кретениве уште учебници немет испечатено
Легендарната песничка која почнува со зборовите „Брзај брзај прваче кон школскиот двор те чека учителка со мајчински збор“ и за овој почеток на учебната година доби своја преработка. Преку неа, се искажуваат критики за образовниот систем, но и наставниот кадар. Твитерџиите пред првиот училишен ден на првачињата, објавија дел од стиховите кои имаат рима и смисла, а дел се и сурово реални.
„Брзај брзај прваче
кон школскиот двор
те чека партиски вработен кадар
на шест месечен договор.
Учебници за тебе нема
тоа е нова шема
забава за ДУИ се спрема
парите ни ги зема“.
„Брзај, брзај прваче
кон школскиот двор,
те чекаат учителки на Вентор“.
„Брзај, брзај прваче
кон школскиот двор,
те чека учителката
со погрешен збор“.
„Брзај, брзај прваче
Кон училишната врата
Те чека учителка
Со зголемена плата
За букви, сказни, песнички
Ќе учиш ти без брига
Некаде во април
Ќе добиеш и книга“.