ЗдравјеТоп

Студија на Кембриџ: Ако сте имале повеќе од 10 сексуални партнери, можно е да заболите од рак

Луѓето што во текот на животот имале десет или повеќе сексуални партнери можеби ги зголемиле шансите да заболат од рак, покажала студијата на британските научници.

Ова особено се однесува на жените кај кои ризикот од развој на рак е двојно поголем доколку имале десет или повеќе партнери во споредба со оние што имале еден или ниеден. Иако научниците очекувале дека ќе пронајдат врска помеѓу бројот на сексуалните партнери и ракот, тие беа изненадени од разликата помеѓу половите.

– Претходните истражувања покажаа дека одредени сексуално преносливи болести можат да предизвикаат неколку видови рак. Интересно е што ризикот е поголем кај жените. Ова може да биде затоа што врската помеѓу некои сексуално преносливи болести и карциномот е поголема кај жените – вели Ли Смит, една од авторите на студијата спроведена на Универзитетот Англиа Рускин во Кембриџ.

За да утврдат како бројот на партнери може да влијае врз здравјето, Смит и колегите ги разгледале податоците од англиската национална репрезентативна студија за стареење и се фокусирале на 5.722 мажи и жени, во просек, на возраст од 64 години, кои одговориле на прашања за бројот на партнери и за својата здравствена состојба.

Меѓу мажите, 29 отсто имале една или ниедна сексуална партнерка, 29 отсто имале меѓу два и четири, 20 отсто имале меѓу пет и девет, а 22 отсто имале десет и повеќе.

Меѓу жените, 41 отсто имале еден или ниеден партнер, 36 отсто имале од два до четири, 16 отсто од пет до девет партнери, а осум отсто имале десет или повеќе.

Жените и мажите што имале повеќе партнери почесто се помлади, неженети и со поголема веројатност да пушат и пијат алкохол.

Но, во исто време, тие почесто се занимаваат со вежбање и може да бидат на двата краја, горниот и долниот, на здравствениот спектар.

Споредено со жените што имале еден или ниеден партнер, кај оние што имале десет или повеќе партнери, воочени се 91 отсто поголеми шанси за дијагноза на рак.

Кај мажите во истата ситуација, ризикот бил поголем за 64 отсто.

Резултатите мора да се интерпретираат внимателно

Др. Константин Закашански, професор на гинеколошка онкологија медицинскиот факултет Икан во Њујорк, предупредува дека овие резултати не може да се земат „здраво за готово“ – засега тие можат да се толкуваат како асоцијација, но не и причина, изјави тој.

Според него, ова истражување не ни дава до знаење за кои видови на рак станува збор, а голема улога има и целовкупната здравствена состојба на испитаниците.

Др. Роберт Едвардс, професор по гинекологија и репродуктивна наука на Универзитетот во Питсбург се согласува со Закашански, истакнувајќи дека ова истражување е „маркер“ за други проблеми во животниот стил, како ефектите на алкохолот и цигарите, бидеќи испитаниците кои имале најголем број на сексуални партнери во текот на животот, своевремено, активно пиеле и/или биле пушачи.

Поврзани вести

Back to top button