ЖивотИзбор на уредникот

Во камионот го прославил Св. Никола со свеќа, фотографии од децата и икона

Љубомир Узелац од Плитвички езера својата слава Свети Никола ја прославил, верувале или не во својот камион.

Свеќа, маслинки, икона, бројаница и слика од неговите три деца во тој момент биле повеќе од доволно.

Како што пишува телеграф.рс тој има син 24 години, ќерка 22 години и уште една ќерка од 2,5 години.

Тој за телеграф.рс кажал дека свеќата ја запалил на граничниот преми Бајаково, во момент кога ја чекал санитарната инспекција.

– Ја запалив свеќата, ги извадив сликите на децата и икона на Св. Никола од паричникот и се тоа го сликав – вели Љубомир за телеграф.рс.

Овој човек кој живеел на Плитвички езера до војната вели дека славата ја слави одкога знае за себе.

– Живеев на Плитвички езера до војната, студирав на факултетот за физичка култура во Загреб. Потоа се преселив во Сремска Митровица, тука се родени мојот син Милан и ќерката Невена – раскажува Љубомир.

Поврзани вести

Back to top button