ЖивотЗдравјеИзбор на уредникотТоп

11 работи кои го уништуваат вашиот имунитет и вашето здравје

Во текот на овие денови, можеби повеќе од кога и да е, важно е да повнимаваме да не го нарушиме нашиот сопствен имунитет.

Ова се 11 работи кои го уништуваат нашиот имунолошки систем:

1. Заборавате дека вирусите се насекаде околу нас
Сега, важно е да не ги допирате површините кои што можеби се контаминирани со вируси и бактерии, предупредува д-р Синха, директор на здравствената програма „Weill Cornell“ во Њујорк. Тој вели дека важно е да носиме ракавици кога допираме нешто во продавница, мобилниот телефон, додека се возиме во градски превоз…

2. Не ги миете рацете доволно често
Вирусите и бактериите ги има насекаде, па мора да внимавате секогаш рацете да ви бидат чисти, советува докторот.

3. Не сте доволно внимателни кога патувате
Треба да знаете дека авионите и хотелите се голем предизвик за имунитетот затоа што се извор на микроорганизмите. Кога еден ден ќе биде дозволено и безбедно да се патува со авион, не заборавајте со вас да си понесете и антибактериски марамици.

4. Претерувате со суплементи
Многумина од нас консумираат премногу минерали и витамини затоа што сакаат да се заштитат од болеста, но тоа може да предизвика контра-ефект. Премногу витамин Ц дневно може да направи проблеми со бубрезите и цревата.

5. Пиете антибиотици „на своја рака“
Антибиотиците служат за борба против бактериите, но не делуваат против настинка и вируси. Доколку ги консумирате премногу или погрешно ќе станете имуни на нив.

6. Пиете многу алкохол
Чаша вино одвреме-навреме е здраво, но премногу алкохол може да го наруши вашиот имунитет.

7. Премногу сте се изолирале
Социјалната дистанца во последниве месеци е „добредојдена“, но луѓето кои што премногу време се сами имаат поголем ризик да се разболат и да го нарушат својот имунитет.

8. Не пиете доволно вода
Имунитетот може да ви биде загрозен доколку не внесувате доволно количина вода во текот на денот, а особено доколку дехидрирате.

9. Јадете премногу слатки работи
Премногу шеќер може да го блокира вашиот имуносистем да работи како што треба и да предизвика воспаление.

10. Не спиете доволно
Недостатокот на сон носи повеќе умор и исцрпеност, а со тоа и послаб имунитет. Треба да спиете по седум до осум часа.

11. Под голем стрес сте
Хроничниот стрес го ослабнува имунитетот, а тогаш вашето тело е во грч и не е подготвено да се брани, па лачи хормони поради кои што одбранбениот систем значително ослабнува.

Поврзани вести

Back to top button