1000 години од упокојувањето на Св.Јован Владимир, осветување на конаците во Заум

Објавено: вторник, 31 мај 2016 во 15:24
Spread the love

Од Дебарско-кичевската епархија информираат дека на 3-ти јуни, петок, во црквата „Света Софија“, со почеток во 17.00 часот, ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод јубилејот 1000 години од упокојувањето на  „Св.Јован Владимир“. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

На 4-ти јуни, сабота, со почеток во 9.00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан во сослужение на останатите членови на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА. По завршувањето на литургијата ќе следи Промоција на зборникот „Св. Јован Владимир“. Богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“, едноцрквие.

На 5-ти јуни, недела, во манастирот „Превета Богородица“- Заум со почеток во 9.00 часот ќе се служи Света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалстува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан во сослужение со надлежниот Митрополит г.Тимотеј и Повардарскиот Митрополит г.Агатангел. По завршувањето на литургијата ќе се изврши осветување на новоизградениот конак.