Зошто не треба да пиете кафе на „гладно срце“
Шолја кафе наутро е навика која ја практикуваат милиони луѓе ширум светот.
Кафето носи многу здравствени придобивки, многу здравствени експерти се согласуваат дека кафето наутро е добра опција, бидејќи влијае на покачувањето на нивото на кортизол, кој може да влијае на нивото на рамнотежа на организмот, поголема концентрација и.т.н.
Но, позитивните ефекти од кофеинот обично се анулираат кога кафето се пие на празен стомак. Најважниот аргумент, зошто всушност не треба да се пие кафе на празен желудник, е тоа што на тој начин се подига нивото на хлороводородна киселина во гастроинтестиналниот тракт.
Луѓето кои страдаат од гастритис веќе го знаат овој податок. Оваа киселина може да предизвика дигестивни проблеми, како подуеност, воспаление на дебелото црево, иритација, чувство на мачнина или во најлош случај – рак на дебело црево!