Значајно откритие: Откриена е причината за појава на аутизмот, а тоа не е вакцинацијата
Микробиомот кај мајката за време на бременоста е клучниот фактор за ризикот од развој на аутистички нарушувања, покажа една студија на научници од Универзитетот на Вирџинија, Медицинското школо (UVA). Ова откритие отвара можности за намалување на ризикот за развој на аутизмот со соодветните промени во исхраната на бремената жена или земање на соодветни пробиотици.
Дека навистина постои таква можност, потврдува фактот дека научниците успеале да го спречат развојот на аутизам во примероците со глувци. Ризикот е намален со помош на блокирање на одредени воспалителни молекули на интерлеукин -17а од одбранбениот систем на организмот. Експертите сметаат дека аутизмот исто така би можел да се спречи така што ќе се инхибира создавањето на тие молекули. Но, авторите истакнуваат дека истражувањето на овие процеси сè уште е во рана фаза, што значи дека допрва треба да се погледне дали друга метода ќе има некои непосакувани нуспојави. Експертите исто така планираат да го истражат учеството во овој процес и на некои други молекули.
“Утврдивме дека микробиомот е клучен фактор за одредување на склоноста на аутистични нарушувања, што укажува на тоа дека би можеле да целиме кон мајчиниот микробиом или воспалителната молекула IL-17a”, вели д-р Џон Лукенс, кој додава дека молекулата исто така би можела да биде биомаркер за рано дијагностицирање.
Врската помеѓу микриобиомите и аутизмот
Познато е дека во човековото тело има повеќе бактерии. Најмногу ги има во дигестивниот систем, каде поголемиот дел од нив имаат позитивна улога. Тие ни помагаат во дигестијата, спречуваат бројни инфекции и го учат одбранбениот систем како да се бори. Претходно се знаело дека нарушувањето во функционирањето на микробиомите може да предизвика бројни болести, особено некои авто имуни како улцеративен колитис или Кронова болест.
“Микробиомот може да го обликува развојот на мозокот на различни начини. Тој е навистина важен за калибрирање на одговорите за потомство на инфекцијата, повреди и стрес”, рекол Лукенс.
Тимот од UVA покажа дека нездравиот микробиом на мајката може да предизвика проблеми во невролошкиот развој на детето. Добра работа е што на овој микробиом добро делуваат правилната исхрана, пробиотиците. Сите овие техники можат да воспостават здрава рамнотежа помеѓу микроорганизмите во дигестивниот систем.
Вториот пристап, блокирање на IL 17-a молекулата е многу поризичен, бидејќи таа молекула има важна улога во одбраната на организмот од воспалителни процеси. Поради тоа би можело да има непосакувани последици.
Истата молекула претходно беше поврзана со проблемите во развојот на мозокот за време на бременоста.
Не е вакцината
Лукенс истакнува дека новата работа, иако покажува поврзаност помеѓу невроразвојните нарушувања и одбранбени системи, на ниту еден начин не укажува на соучество помеѓу вакцината и аутизмот.
“Постои дефинитивна врска помеѓу имунолошкиот одговор и развој на мозокот. Меѓутоа, тоа нема врска со вакцините. Тоа се случува многу порано”, појасна Лукенс.
Научниците ширум светот до денес направиле илјадници студии кои покажале дека не постои врска помеѓу аутизмот и вакцините. Сомнежот на оваа соучество произлегува од фактот дека првите симптоми на аутизмот се воочуваат во годините кога децата ги добиваат првите вакцини. Но, истражувањата покажаа дека уделот на децата со нарушување на аутистичниот спектар е ист како кај вакцинираните и невакцинираните деца.