Избор на уредникотСвет

Жителите на Венецуела купуваат бензин со една цигара, малку ориз или масло за готвење

Возачите во социјалистичка Венецула долго време „уживаа“ во најефитиното гориво на светот, со тоа што сега еден полн резевоар во оваа јужноамериканска земја сега чини речиси 5 македонски денари. Но, економијата во земјата е во толкава криза што граѓаните одлучуваат и можат да платат за гориво со малку храна, чоколатце или само една цигара, објави „Associated Press“.

„Ценкањата“ на бензинските пумпи започнаа поради фактот што хиперинфлацијата ја претвори венецуелската валута во бескорисно средство за плаќање во земјата. Боливарот целосно ја загуби својата вредност и речиси никој не ја прифаќа како начин за плаќање.

Така, без пари во нивните новчаници, возачите често на продавачите на бензинските пумпи им нудат цигари, ориз, масло за готвење или било какво прехранбено средство кое им е достапно.

Горивото е толку ефтино што дури ниту продавачите на бензинските пумпи не ја знаат неговата вистинска цена. Луѓето кои немаат што да дадат, во повеќе случаи не мораат ниту да платат за бензинот кој го ставиле во своите автомобили.

Сепак, според „АП“, ова е уште еден симптом за хаосот и конфузијата во Венецуела.

Јужноамериканската нација во која живеат речиси 30 милиони луѓе се соочува со сериозна политичка и економска криза. Луѓето живеат со чувството дека насилните протести на улиците или масовните прекини на доток со електрична енергија би можеле да ги преворат нивните живот во хаос во секој момент.

Повеќе од 4 милиони луѓе ја напуштија земјата во изминатите години, бегајќи од ниските плати, лошата инфраструктура во болниците, неможноста за добивање на основни сервиси во јавните институции и недостакот на безбедноста.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува дека инфлацијата во земјата оваа година ќе достигне неверојатни 200.000 отсто. Венецуела беше приморана да отстрани пет нули од нивната валута минатата година, во обид да се справи со големата инфлација, што беше уште еден неуспешен обид за санација на економијата.

Најмалата банкнота, 50 боливари, вреди речиси 2,5 денари. Градските автобуси и банките веќе не ја прифаќаат, велејќи дека ќе биде неопходно оргомно купче од пари за да се купи било каков продукт или услуга. Најголемата банкнота во Венецуела е 50.000 боливари и во моментов таа вреди 138 денари.

Поврзани вести

Back to top button