Жителите на Галичник бараат помош, мечки им доаѓаат во селото (ВИДЕО)
Месното население на Галичник се жали и од институциите бараат помош бидејќи во нивното село често доаѓаат мечки. Жителите се плашат за својата безбедност.
– Превртени контејнери, ѓубре насекаде, смрдеа, мечки и мечиња шетаат по улиците на селото… ова е сликата на селото Галичник веќе неколку лета по ред. Забраната за лов на дивеч го зголеми бројот на дивите животни, а тоа во Галичник веќе претставува сериозен проблем, се вели во писмата кои месната заедница секоја година ги испраќа до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и до Државниот инспекторат за ловство.
Месната заедица Галичник објави дека во повеќе наврати во изминатите години официјално се обратиле до Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и до Државниот инспекторат за ловство укажувајќи на проблемот.
Од тука велат дека дописи до институциите биле доставени и во изминатите години, со истите апели – надлежните да дејствуваат.
Според нив, се работи за чиста среќа што досега нема повреда на населението, но ризикот не е исклучен, па затоа неопходно е да се преземе нешто.
– Апелираме надлежните да дејствуваат и да дадат насоки на локалното население. Одомаќинетите диви животни во населени места претставуваат голема опасност за населението, велат од Месната заедница Галичниик.