Македонија

Зголемен наталитетот, намален морталитетот

Бројот на живородените деца во Македонија во четвртото тримесечје од 2015 година изнесува 5.758, што е зголемување за 0,6 отсто во споредба со истиот период од претходната година, а природниот прираст изнесува 665 лица.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2015 година е намален за 1,3 отсто во споредба со истото тримесечје од 2014 година и изнесува 5.093 лица од кои 53 се умрени доенчиња.

Во четвртото тримесечије од минатата година склучени се 3.494 бракови или за 6,7 отсто повеќе во споредба со истиот период од 2014 година. Бројот на разведените бракови во ова тримесечје, пак, бележи намалување од 23,6 отсто и изнесува 507.

Поврзани вести

Back to top button