Здрав зелен пијалок во духот на природата
Објавено:
вторник, 22 март 2016 во 14:51
Ако на вашето лице често се појавуваат акни, овој проблем не се решава од надвор, туку од внатре…
Затоа се препорачува овој здрав и зелен освежителен пијалок. За него ви треба:
– сок од половина исцеден лимон;
– половина (помала) краставица;
– 1 грст свеж спанаќ;
– 2 листа кељ;
– 1 лажичка семе од анасон;
– 1 лажичка рендан ѓумбир;
– 1 јаболко или круша за засладување;
– 2 дцл вода;
Сите состојки ставете ги во блендер, соковник или апарат за правење на освежителни пијалоци, убаво измешајте го додека состојките не се соединат и потоа испијте го.