Заразени лица има во два нови града во Македонија, 29 нови случаи на заразени од коронавирув
29 нови случаи на заразени со короновирис се регирстрани во изминатото деноноќие, соопшти министерството за здравство. Заразени лица има во два нови града во Македонија – Велес и Прилеп.
Најголем број од нив се во Скопје – 20 случаи. По тројца ново заразени има во Куманово и Велес, двајца во Прилеп и еден во Дебар.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот е 177 лица од кои 1 излекуван а двајца пациенти починаа.
Гледано по градови најмногу заразени има во Скопје – 108 лица, потоа е Дебар кадер има 41 заразен но и една жртва, Куманово со 11 заболени и една жртва, во Штип има седуммина заразени, Велес тројца. Во Кавадарци, Прилеп и Охрид има по два регистрирани случаи на коронавирс и еден во Гостивар.