Заработила 100 милиони долари од продажба на салати – таа е македонска милионерка!
Салатите освен што се здрави и вкусни за јадење носат и добра заработувачка. Сузан Ницовски која потекнува од Македонија, решила да направи своја компанија преку која ќе продава свежи салати.
Нејзината компанија се вика „Летни свежи салати “ (Summer fresh salads inc) и специјално е направена за гладни луѓе кои немаат многу време за јадење, а сакаат да се хранат здраво. Бидејќи Сузан има дипломирано хемија, воопшто не и било проблем преку хемиски процеси да ги задржи салатите свежи и квалитетни и по неколку дена.
Кога Сузан и нејзината мајка ја отвориле компанијата се наоѓала во едно мало просторче во Онтарио, за денеска да прерасне во гигантско здание од кое со зеленучук се снабдуваат Канада и Северна Америка. Во „Летни свежи салати“ има 300 вработени и библиотека со преку 3000 рецепти за нивните производи.
Преку продажба на салати, Сузан одамна ја надмина заработката на над 100 милиони долари, а нејзината компанија прерасна во империја за здрава храна. Мега успешниот бизнис на Ницовски досега има добиено повеќе награди од индустријата за храна, но и од бизнис секторот меѓу кои и наградата за најиновативна компанија.
Таа заедно со најуспешните македонски бизнисмени од земјава, но и од дијаспората е член на одборот во „Македонија 2025“- асоцијација на бизнисмени и професионалци.
-Го напуштив светот на корпорациите и со дома со мајка ми почнавме да готвиме и сецкаме креативни јадења во кујната. Храната отсекогаш била дел од мојата фамилија. Моите баба, дедо и вујко поседуваа ресторани, а мојот татко е инжињер специјализиран за опрема за готвење и производство на храна. Јас уште од мали нозе обожував да готвам домати на скара. Останатото е веќе историја – вели Сузан.