Започна борбата за Арктикот
Борбата за ресурсите на Арктикот веќе е започната, САД и другите земји имаат намера да ги бранат своите интереси, а тоа се однесува исто така и на Русија.
Москва токму тоа го демонстрираше пред очите на целиот свет, претставувајќи ги на Денот на победата специјалните сили и опрема која ќе биде или е веќе распоредена на Арктикот, а швајцарскиот телевизиски канал “SRF” смета дека „руската мечка со таквиот потег ги покажала своите заби“.
На Арктикот се топи мразот побрзо од било кога. Според резултатите на последните истражувања, површината на замрзнатата покривка на северниот дел од Поларниот круг се има намалено во текот на последните години за повеќе од милион квадратни километри, односно станува збор за територија три пати поголема од територијата на Германија.
Членките на Арктичкиот совет (во негов состав се осум земји од поларниот регион), се заложија за интензивирање на мерките за заштита на климата, а меѓу нив се и Соединетите Американски Држави.
Иао Арктичкиот совет со голема загриженост констатираше дека просечната температура на северниот дел од Поларниот круг расте два пати побрзо отколку во другите региони на Земјата, американскиот државен секретар Рекс Тилерсон веднаш изрази сомнеж во важноста на овој проблем.
„Во овој момент, на САД им претстои усвојување на важни одлуки за низа на прашања, меѓу кои е и пристапот кој администрацијата на Доналд Трамп ќе го избере за решавањето на климатските промени“, изјави Рекс Тилерсон и додаде:
„Ние сме благодарни што секој од вас го изнесе својот став во врска со тоа прашање. Сепак, на нам ни е потребно време за да ги анализираме вашите стравувања. Немаме намера да изгледаме несериозно и ќе се обидеме да го најдеме вистинското решение за Соединетите Американски Држави“, изјави Рекс Тилерсон.
Во Арктичкиот совет, инаку се Канада, САД, Русија и Гренланд како автономен дел од Данска, како и Финска, Шпанија и Шведска. Арктикот се проценува дека поради климатските промени, до 2030-та година за време на летните месеци да остане и без замрзната покривка.
Тоа дава нови можности за добивање на природни ресурси. Се претпоставува дека на Арктикот има големи залихи на нафта, гас, никел и ретки метали како злато и сребро, а борбата за тие ресурси веќе започна.
Русија веќе подолго време ги зајакнува своите воени потенцијали на Арктикот, се градат воени бази, а од неодамна беше поставен и против-ракетен систем од типот „Тор-М2ДТ“ кој е посебно модифициран за работа во Арктички екстремни услови. Освен системот „Тор“, Москва оваа година ќе заврши со унапредувањето на системот „С-300 В4“ со што Русија ќе добие „напреден против-воздушен артилериски комплекс“.
Иако многу се зборува за американските воени бази кои што се распространети насекаде низ светот, Москва за само неколку години успеа на северот да изгради 14 авио писти, 16 пристаништа, распоредени се 40 мразокршачи и оформена е посебна „Арктичка воена команда“.
Неодамна, руското Министерство за одбрана, исто така одлучи на јавноста да ѝ претстави дел од мега-базата Шамрок, односно најсеверната руска воена база. Станува збор за воена база чија што површина покрива 14 илјади квадратни метри, а според зборовите на министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, таа база ќе биде само дел од една голема мрежа на воени бази кои ќе бидат изградени на Арктикот.