(ВИДЕО) Запалено и газено македонското знаме, ќе го осудат ли чинот Љубчо Георгиевски, Ивон Величковски и Никица Корубин
Два случаја на сквернавење на македонското државно знаме се овековечени во видеа што осамнаа на портали и на социјалните мрежи од вечерашната прослава на Денот на албанското знаме во Скопје.
Денот на албанското знаме се славеше низ речиси цела западна Македонија. За време на прославата на две места е снимено и сквернавење на македонското знаме.
Едната локација е Скопје односно Бит Пазар, каде македонското знаме било палено, а потоа искинато и фрлено.
Во другиот случај, автомобил „дрифта“ над македонското знаме. На неколку локации во Скопје се слушаа и рафални пукања.
Ова предизвика револт, а јавноста веќе бара остри казни за сторителите. Двата чина донесоа нетрпеливост и навредливи коментари, што остава простор сторителите да бидат гонети, не за едно, туку за две кривични дела и тоа: нарушување на угледот на државата, но и предизвикување на верска, расна, национална омраза. Според Кривичниот законик, тој што со намера за исмејување јавно ќе ја изложи на подбив Република Македонија, нејзиното знаме, грб или химна, ќе се казни со парична казна.
Осуда на палењето на македонското знаме дојде од речиси сите политички партии, освен од дежурните србофоби, познати и како пропаднати политичари, Љубчо Георгиевски, Ивон Величковски и Никица Корубин.
ФОТО: „Јутуб“
View this post on Instagram