Заминува ли Србија во „Путиновата унија“ (ВИДЕО)
Шефовите на земјите-членки на Евроазиска економска унија (ЕАЕС) одлучија да почнат преговори со Србија за воспоставување на единствен трговски режим.
– Денеска е донесена одлука за отпочнување на преговори со Србија за воспоставување на единствен трговски режим на ЕАЕС и нивните членки со таа земја, изјави претседателот на колегиумот на ЕАЕС Тигран Саркисиан, јавува Б92.
Резултатот од унификација на трговскиот режим ќе биде заедничка зона за слободна трговија за сите земји од ЕАЕС и Србија. Досега само три земји од ЕАЕС имаат договор за слободна трговија со Србија – Русија, Казахстан и Белорусија.
Земјите-членки на ЕАЕС веќе потпишаа договор за слободна трговија со Виетнам, а слични преговори се водат со Израек, додека експертите работат на воспоставување на зони за слободна трговија со Индија, Египет и Иран.
Земји-членки на ЕАЕС се Белорусија, Ерменија, Казахстан, Киргизија и Русија. Договорот за основање на ЕАЕС на 29 мај 2014 година го потпишаа претседателите на Русија, Белорусија и Казахстан. Со договорот е предвидено слободно движење на стока, ускуги, капитал и работна сила меѓу земјите потписнички.