Најпознатиот српски патник Слободан Миќиќ почина во 76 година од животот по долго боледување.
Миќиќ беше познат не само на српската публика туку и ширум Балканот по своите интересни патеписи „Светот на дланка“ кои ги правеше со својата сопруга Марија Шкиљаица Миќиќ.
Економист по образование, а светски патник по определување, српските туристи ги однесе во најоддалечените катчиња на планетата – од Уганда до Галопагос, од Фиџи до Исланд, чиј беше и почесен конзул.
Последните години ги посвети на промоција на Србија, зошто беше вљубен во својата земја – во Дунав, во Ивањица, во Врњачка Бања, салашите и планините.
Слободан Миќиќ умееше да патува и да ужива во патувањата. Умееше да ги забавува туристите кои месец дена со автобус патуваа до Каиро.