Македонија

Заладување и обилни врнежи од понеделник

Нов влажен и постуден бран, обилни врнежи не очекуваат од понеделник. УХМР соопшти дека под влијание на нов влажен и постуден бран, ќе има врнежи од дожд кои попладне на повеќе места ќе бидат пообилни, над 30 литри на метар квадратен. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Потоа, следните три дена, ќе преовладува студено и ветровито време со повремени локални врнежи, претежно во западните делови.

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Поврзани вести

Back to top button