Македонија

Заев: „Комитите“ во полиција рекоа дека руски бизнисмени давале пари за насилни протести

Странци, кои се поврзани со Русија, платиле илјадници долари за да се поттикне насилство со цел да се спречи Македонија да влезе во НАТО, изјавил премиерот Зоран Заев за BuzzFeed News.

Заев рекол дека неговата влада добила повеќе извештаи дека „грчките бизнисмени” кои “се приврзаници на руската кауза” им платиле на Македонци суми во износ од 13.000 до 21.000 долари за „извршување акти на насилство” пред клучниот референдум оваа година, кој ќе утврди дали земјава ќе се приклучи на воениот сојуз.

Премиерот, пишува BuzzFeed News, одбил да именува кој стои зад плаќањата, наведувајќи ја тековната истрага и чувствителноста на дипломатските односи околу кандидатурата на земјата за членство во НАТО. Тој рече дека полицијата дознала за плаќањата откако биле притворени неколку учесници во насилните протести пред парламентот во јуни.

Истото ова Заев го потврди за домашните медиуми

Повикувајќи се од извештаите од нивните искази во полициска станица, премиерот Зоран Заев изјави дека некои членови на навивачката група „Комити“ добивале пари од руски бизнисмени за да протестираат пред Собранието.

Како што е познато, при протестот пред еден месец пред законодавниот дом, против договорот со Грција и промена на името, полицијата мораше да употреби солзавец и димни бомби за да ги растера демонстрантите. Притоа беа приведени неколку лица.

Поврзани вести

Back to top button