Заев: Ние сме за референдум зашто и ВМРО-ДПМНЕ е за референдум, за покрупните прашања треба да бидеме заедно
Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерката Радмила Шекеринска и вицепремиерот Бујар Османи, во моментов има брифинг со новинарите на тема: „Економија, реформа и интеграција на Република Македонија“.
Одговарајќи на новинарските прашања, премиерот Заев рече дека за покрупните прашања за Македонија, власта и опозицијата треба да бидат заедно.
-Не знаеме кога ќе биде референдумот дали ќе биде сега или ќе биде пред влез во НАТО. Јас би седнал и референдумот би го релаизирал заедно со опозицијата. Ние веруваме во референдум, но и сме за референдум зошто и ВМРО-ДПМНЕ е за рефереднум. Треба сите да бидеме заедно за ваквите прашања. Јас сум убеден дека Македонија за покрупните прашања може да застане заедно. ДУИ ете не е за референдум, но ќе седнеме ќе разговараме. Тоа не е причина за некакви турбуленции во коалицијата. Таа е слободата и демократијата за која се залагаме, рече Заев.
Премиерот Заев е среќен со напредокот во преговорите за името, но вели дека се што досега е решено е условено со конечното решение на спорот. Него, на патот му стојат најтешките прашања. Премиерот вели дека се уште се разговара за името, опсегот на неговата употреба и спречувањето на иредентизмот. Заев вели дека за Македонија е неприфатливо да се смени името за внатрешна употреба.
Премиерот одби да одговори дали новото име за Македонија ќе има превод на англиски јазик за како што вели, да не им наштети на преговорите Заев е дециден дека какво решение и да се договори тоа ќе оди на референдум, но не е сигурен кога тој референдум би се одржал
ДУИ и натаму останува на ставот дека референдум за името не треба да има, за името да не стане дневно-политичка тема
Oсмани, изјави дека и ДУИ можеби би се вклучила во референдумот, ама дека нејзините резерви по тоа прашање се поради ризикот името да стане дневно-политичка тема, така што некои политички субјекти кои се залагаат за решение би можеле да почнат да ги менуваат ставовите.
„Исто така, не се исклучени влијанија од надовор, а референдум во земјава би можел да повлече и референдум во Грција. Со тоа би се искомплицирала ситуацујата“, изјави Османи.