Заев: Јас сум Македонец и зборувам македонски јазик
-Јас сум Македонец, јас зборувам македонски јазик, тоа е мое право. Тоа е европска вредност. Јас очекувам навистина европските вредности да бидат прифатени од сите, како што исто така подадов рака и прифатив дека споделуваме заедничка историја. Ќе продолжам да зборувам во духот на пријателството и ќе продолжам да градам пријателство, без разлика врз какви причини некој ги темели свои изјави . Јас верувам дека и господинот Каракачанов и министерката Захариева и премиерот Борисов, но пред се бугарскиот народ е пријателски народ на нашиот народ.
Вака му одговори премиерот Зоран Заев, на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, на секојдневните прозивки од негова страна за сметка на однесувањето на Македонија и конкретно на премиерот. Според Каракачанов , Заев го злоупотребил Договорот со Бугарија, бидејќи во своите изјави зборува за македонска нација и јазик.