Македонија
Заев: Им честитам на граѓаните и на пратениците за преземената одговорност
Македонскиот премиер Зоран Заев на Фејсбук им честита на граѓаните и на пратениците за преземената одговорност.
„Им честитам на граѓаните и на пратениците за преземената одговорност за уставните измени со којашто заедно ги отворивме вратите на НАТО и ЕУ за Република Македонија. Во исто време, изразувам благодарност до генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за честитката којашто телефонски ми ја упати вечерва, и со која на сите граѓани на нашата земја го честита историскиот успех и новите перспективи кои се отвораат пред нас“, пишува премиерот.