Заев: Човекот кој имал задача да ме убие во Собранието е во притвор
Откако неделникот „Фокус“ неодамна објави дека на 27 април во Собранието Зоран Заев требало да биде убиен, за што постои и снимен телефонски разговор, денеска премиерот Заев го потврди ова сознание, истакнувајќи дека човекот кој требало да го ликвидира е во притвор, пишува Фокус.
-За деталите верувам дека правосудните органи ќе дадат соопштение или ќе информираат во соодветен период како се одвиваат судските постапки. Тука пред се мислам на судовите и на јавните обвинители. Јас знам дека човекот кој ја добил таа задача е во притвор, одговори премиерот Заев.
Минатиот петок „Фокус“ објави дека постои телефонска снимка, снимена по неколку месеци од крвавиот четврток, а која го открива крвавото сценарио. Поточно според сознанија на „Фокус“, од добро упатен извор, еден од соговорниците го кара другиот зошто не го убил Заев, кога тоа било договорот. Соговорникот се правдал дека се обидувал но немал чиста мета.
Според инфорациите на неделникот, оваа снимка била прибавена на законски начин, односно со употреба на Посебни истражни мерки, но за потребите на друга случај или истрага. Поточно снимениот разговор, летото 2017 година, случајно открил и детали за насилството што се случи на 27 април. За овој случај обвинителството воопшто не користеше ПИ-мерки, следење на комуникациите.