Македонија

Заев апелира да не им се врши притисок на музичарите

Премиерот Зоран Заев ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поздрави добивањето покана од НАТО, апелирајќи да не им се врши притисок на музичарите кои утре во 15 града во Македонија ќе учестуваат во прославата која ја организира Владата со општинитте.

– Ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да честита и да не врши притисок врз граѓаните и врз музичарите кои се професионално ангажирани за прославата по повод добивање покана од НАТО“ – изјави Заев.

На прашање колку пари ќе чини утрешната прослава во 15 града, Заев рече дека кога ќе биде завршена целата финансиска конструкција, Службата за општи и заеднички работи ќе ја соопшти сумата. Тој рече дека Владата и делумно локалната самоуправа ја финансираат прославата.

Поврзани вести

Back to top button