Живот

Забранет секс на министрите со вработените

Премиерот на Австралија Малколм Турнбул донесе одлука со која се забрануваат сексуални односи меѓу министрите и вработените во кабинетите, по скандалот кој ја потресе неговата Влада.

Заменик-премиерот и министер за инфраструктура Барнаби Џојс, католик кој е во брак 24 години и промовира семејни вредности, чека дете со неговата поранешна портпаролка.

– Министрите, без оглед на тоа дали се во брак или не, не смеат да стапуваат во сексуални односи со песоналот. Во спротивно, ќе ги прекршуваат стандардите на однесување – рече Турнбул.

Тој истакна дека дека во 2018 година е неприфатливо министер да има секс со некој што работи кај него.

– Тоа навистина е многу лошо однесување на работа и сите знаат дека од тоа никогаш не излегува ништо добро – рече австралискиот премиер.

Одлуката на шефот на Владата да се дополнат правилата за однесување стапи во сила веднаш, а Турнбул рече дека Џојс мора сам да ја разгледа својата позиција во Владата и на местото лидер на Националната партија.

„Барнаби Џојс скандалот“ ја загрози стабилноста на Владата, а министерот (50) зема отсуство од работа откако медиумите открија дека ја оставил жена му и четири деца, откако забременила неговата 32-годишна портпаролка, која му била љубовница.

Поврзани вести

Back to top button