Заболел од рак и изгубил се денес е милјардер
Хаген ја основал компанијата во 1997 година откако, како што вели тој, останал без ништо.
– Изгубив сè во животот, го победив ракот и не ми остана баш ништо. Успеав да повратам малку капитал. Тоа ви е како со морнарите, ранети сте, но морате да станете и да продолжите, и тоа го направивме – вели тој.
Неговото богатство денес се проценува на 2,4 милијарди долари, а „Вајкин крузес“ е една од водечките компании во тоа поле.
– Израснав во близина на мала река во Норвешка, па водата отсекогаш ми беше драга, но да бидам целосно и брутално искрен, сакам водата да ја гледам од копно – истакнува Хаген и додава дека, од друга страна, сака да го гледа и копното од закотвен крузер.
Во разговор за „Форбс“, норвешкиот милијардер вели дека е фантастично да се носат гостите на нови дестинации каде што можат да запознаваат луѓе од други култури бидејќи тогаш всушност сфаќате дека сите сме прилично слични.
– Верувам дека тоа може да намали многу тензии меѓу културите со кои сме соочени денес во светот – објаснува Хаген.
Практично никој не верувал дека овој Норвежанец ќе успее да изгради ново деловно царство, но тоа не го спречило да го направи тоа.