СветТоп

За три децении над една третина од населението ја напуштило Албанија, 700.000 Албанци добиле дозвола за престој во ЕУ

Податоците на ЕУОБсервер покажуваат дека Албанија изгубила 37 отсто од населението за 30 години(1990/2020 година), и ја предводи листата на емиграција во Западен Балкан, јави Топ чанел.

Тоа подразбира дека земјата ја напуштиле над 1,2 милиони лица.

„Според Вестминстер фондацијата за демократија, годишниот трошок за напуштање на образованите млади луѓе варира од минимум 840 милиони евра до максимални 2,46 милијарди евра, што исто така ја намалува економијата во земјата“, наведува телевизијата.

Според Светска банка, пак, брзите демографски промени ќе се рефлектираат уште повеќе во ограничувањето на бизнисите, бидејќи во „најновиот регионален економски извештај се нагласува дека инфлацијата достигна невидени нивоа, намалувајќи ја куповната моќ и довербата и влијаејќи на најсиромашните”.

Во последниот извештај на СБ за регионалните случувања, главната грижа на претприемачите се корупцијата и имиграцијата.

„Во оваа ситуација, во извештајот се нагласува дека постои ризик од забавување на преговорите со Европската унија, како и одложување на реформите, затоа препорачува зголемување на стандардите на владеењето“, додава Топ чанел.

Само во периодот од 2008 до 2020 година, повеќе од 700.000 Албанци добиле дозвола за престој во една од земјите на Европската унија, а илјадници други престојуваат ширум светот илегално, со што се зголемува бројот на албански имигранти.

Поврзани вести

Back to top button