За парче торта платила 6.400 наместо 20 евра: Внимавајте кога внесувате пин при плаќање со картичка
За време на своето патување во Цирих, русинката Олесја Шемјакова сакала да се почести со чоколадна торта и сок кои чинеле 20 евра и сметката ја платила со картичка.
Се шокирала кога две недели подоцна проверувајќи ја својата сметка увидела дека од нејзината сметка биле повлечени 6425 евра.
Го внесов својот пин за да платам со картичка, но плаќањето не беше успешно. Тогаш го внесов пинот по втор пат и сметката беше платена. Претпоставив дека платив 20 евра, колку што изнесуваше сумата на сметката, вели Олесја.
Таа вели дека поради слабото разбирање на германскиот јазик, не разбрала кога мислела дека по втор пат го внесува пинот, а таа всушност ја внесувала сумата која се согласува да ја плати со картичката.
За среќа, сопственикот на ќебапчилницата кадешто Шемјакова уживала во десертот што чинеше цело богатство изјави дека ќе и ги врати парите назад.