Избор на уредникотСвет

За да се зачува семејството Италија забранува „шопинг“ во неделите

Италија воведува ново правило кое тешко кој би можел да го избегне, а целта е зачувување на семејната традиција.

До крајот на годината новата италијанска влада, според она што го пренесуваат светските медиуми повикувајќи се на италијанските медиуми, ќе забрани купување во недела односно шопинг во големи трговски центри, бидејќи сака да ја зачува традицијата на семејното дружење во последниот неработен ден во неделата, рекол потпретседателот на владата Луиџи Ди Мајо.

Во обид да поттикне економски раст, тогашниот италијански премиер Марио Монто ја либерализирал трговијата во недела во 2012, и покрај притисокот на Римокатоличката црква и синдикатот, кои тврделе дека земјата мора да ја сочува традицијата на одморање во недела, потсетува Ројтерс.

„Оваа либерзалиција всушност, ги уништува италијанските семејства. Мораме да почнеме повторно да го ограничуваме времето на отворање и затворање (на трговски центри)“, рекол Ди Мајо, инаку лидер на Движењето на пет ѕвезди.

Тој додал дека големите продавници ќе мора да бидат затворени и во деновите на национални празници.

Сопствениците на мали продавници во Италија одамна сакаат да ја укинат реформата, бидејќи, велат се соочени со неправедна конкуренција на големите трговски центри.

Поврзани вести

Back to top button