За да оди на лекар соседите на раце ја симнуваат Соња Димитриевска од петтиот кат- лифтот не работи речиси три години
Месец и половина откако Телма ја објави приказната за жителите од социјалната зграда во Битола кои се заробени во своите домови затоа што лифтот е распан речиси три години, состојбата е непроменета. Жителите сами се организираат кога треба некои од болните и неподвижни станари да оди на лекар па на раце го симнуваат од високите катови. За да ги остварат своите права, станарите најавуваат тужби за ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор.
На раце, во инвалидска количка, соседите од петти кат ја симнаа 38-годишната Соња Димитриевска од социјалната зграда на улицата Смилевски Конгрес во Битола, за оваа млада жена со хендикеп да оди на лекар. Сами направија снимки кои ги испратија до медиумите, но и до сите надлежни за да видат низ каква голгота минуваат со расипан лифт речиси три години.
Ништо не е променето и по месец и половина откако Телма известуваше за маката на станарите од оваа зграда со расипан лифт.