За 5 минути дознајте колку сте под стрес
Стресот е секојдневна појава со која се соочуваме речиси сите. Колку пати ви се случило за време на слободниот ден или за викенд да се трудете да се опуштите, но мозокот цело време ве потсетувал на обврските кои ве чекаат да ги завршите.
Овие ситуации колку и да ни изгледаат стресни сепак ни се претворија во секојдневие. Целиот живот ни е исполнет со стрес, а секој различно реагира на истиот. Токму затоа, јапонскиот психијатар Акиоши Китаока направи тест со помош на оптичка илузија преку кој може да ја откриете моменталната состојба на вашиот ум.
Фокусирајте го погледот на средина на сликата и набљудувајте 5 секунди. Во почетокот формите на фотографијата брзо ќе се движат, а што ќе се случи по неколку секунди ќе ви ја открие вистинската слика за состојбата на вашето тело и ум кога се соочуваат со стрес.