ЖивотИзбор на уредникот

За 5 години, од бездомник станал милионер

Хари Сандерс има само 22 години, а веќе е генерален директор на компанија. Сепак, ова младо момче немал среќен живот – на 17 години го напуштил училиштето, останал препуштен сам на себе и завршил на улица.

Сепак, во 2015 година, непосредно пред да стане бездомник, ја основал “StudioHawk” – агенција за оптимизација на пребарувачи која го зголемува сообраќајот на деловните сајтови. Сега од компанијата очекува заработка од 3 милиони долари во претстојната година.

Сандерс кој го поминал патот од бездомништво и живот со зависници од хероин до сопственик на компанија која заработува милиони, споделил неколку совети кои ќе ви помогнат да станете успешни на деловно поле во новата година.

Работете како тоа да е вашата последна прилика во животот
Не ја започнувајте уморни новата година, а тоа ќе го постигнете така што уште за време на празниците ќе се припремите за она што сакате да го работите. Меѓутоа, имајте го ова на ум: за да бидете во состојба напорно да работите, мора да знаете и кога е време за опуштање.

Најдете причина за секоја цел
Не е доволно само да си кажете “сакам да бидам во добра физичка форма” или “сакам унапредување”, вели Хари.

На сите нѝ е потребен поттик. На пример, ако сакате да ја подобрите вашата физичка форма, мотивот може да биде добар изглед или уживање во животот со полна пареа.

Користете или фрлете
Новата година е совршен момент да се ослободите од сè што не ви носи радост. Сите понекогаш сме затрупани со работи кои повеќе не ги сакаме и не ги користиме. Фрлете ги работите кои со години стојат во вашата фиока и направете место за нови. Кога ќе го исчистите просторот, ќе го исчистите и вашиот ум и ќе создадете простор за успех.

Започнете да штедите
Најбогатите луѓе се многу често внимателни со парите. Ако постојано само трошите, вашите пари нема да ви донесат ништо вредно. Следната година обрнете внимание на поволностите – отворете сметка за штедење и договорете се со вашата банка за директен трансфер на неа секој месец.

Поврзани вести

Back to top button