Избор на уредникотСвет
Вучиќ: Се плашам дека брзо ќе дојде битката за Сталинград
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, присуствувајќи на презентацијата на комплетот книги „Собраните дела на Милорад Екмечиќ“ во Домот на вооружените сили во Белград, истакна дека многу години пред смртта Екмечиќ ги предвидел сите актуелни настани и конфликтот во Украина и светската економска криза.
-Ни претстои тежок период, потежок отколку што имавме во деведесеттите. Сето тоа, без разлика какви одлуки сме донеле, нема да го смени фактот дека се плашам повеќе од кога било од она што ја чека Србија. Да се грижиме за нашето семејство и нашата земја, Србија. Се плашам дека битката за Сталинград ќе дојде многу побрзо отколку што очекуваме и каков ќе биде исходот – рече Вучиќ.